Најнови Вести

Нето Вредност - ALSAR FHF

Quia virtus passionis

За нас

АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ(АФИ) е компанија за управување со приватни фондови, која им нуди на клиентите услуги за управување со финасиски средства, преку инвестирање во различни класи на инструменти, како главни индекси, злато, валути, обврзници, хартии од вредност, ETF-ови и опции на овие инструменти, како и специфични комбинации од инструменти (Структурирани продукти).

Краток преглед


АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО е друштво со ограничена одговорност основано во Скопје во 2014 година. АФИ е пионер во имплементирање на деривативни инструменти за хеџирање на ризикот за своите клиенти - нешто досега несвојствено за Р.Македонија.

Компанијата е регистрирана на 13.11.2014 во Централниот регистар на РМ под реден број 6994458. Компанијата ќе основа и управува приватни инвестициски фондови. Седиштето на компанијата е на адреса Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.54/1-4, 1000 Скопје , Република Македонија.

skopjekrug

Мисија и Вредности

Мисија

АФИ се стреми да биде водечка компанија за управување со приватни фодниви во регионот , деммонстрирајќи исклучителен професионализам во управувањето со средства како и целосна посветеност на управување со ризикот. .

Цели

  • Обезбедување постојан раст на фондовите како и на самата компанија преку ефикасно управување со средствата на инвеститорите
  • Привлекување на широка група од инвеститори кои што преферираат хеџирано инвестирање како и структурирани производи
  • Остварување висок принос од инвестираните средства ( специфична инвестициска цел од минимум 8% годишно) со истоверемена целосна посветеност на управување со ризикот

Нашиот тим

katamaran3

Тим

Основач и директор на компанијата е Саша Грујевски. Грујевски дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Тој се има стекнато со повеќе меѓународно признаени дипломи од областа на финансиските пазари, некои од нив: Управување со ризикот во банкарството од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон; Меѓународна брокерска лиценца (Македонска и Лондонска берза) итн. Бил на повеќе менаџерски позиции во 4(четири) македонски банки, во што поминал повеќе од 16 (шеснаесет) години, главно управувајќи со трезорската функција во сегментот на финансиски пазари (Извршен директор, Помошник на генералниот директор, Финансиски директор).

Г-дин Грујевски има комплетирано мандат во економската дипломатија (во САД од Август 2011 до Март 2014), каде што преку специфичностите на политиката за привлекување на странски директни инвестиции остварил односи со повеќе компании од Fortune 500 листата, како и со повеќе финансиски институции и инвестициски фондови.

Функцијата Портфолио менаџер ја извршува Марјан Стојановски. Тој дипломирал на Електротехничкиот факултет при УКИМ во Скопје. Од неговото повеќегодишно искуство од областа на финансиите ја издвојуваме неговата функција како Директор на Друштво за управување со приватни фондови Потенца Капитал , Скопје.

Г-дин. Стојановски поседува повеќе меѓународни сертификати од кои ги издвојуваме: Сертификат за тргување со фјучерси и опции од Chicago Mercantile Exchange, Меѓународна брокерска лиценца (Македонска и Лондонска берза) итн.

Тони Јовевски ја извршува функцијата Пазарен аналитичар и трејдер како и внатрешен Софтвер девелопер. Тој дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ во Скопје. Моментално ја подготвува својата магистерска теза на Факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во Скопје, на темата структурирани производи во финансиите.

Инвестициски стратегии

Инвестициската стратегија на АФИ е определување на реалната вредност или иницирање на арбитража помеѓу одредени инструменти. Нашиот искусен тим ја трансформира малата разлика во цените во солиден профит, користејќи комбинација од опции и ETF-ови, без притоа да го компромитира нашето основно мото-Целовремено и осмислено управување со ризикот.

АФИ воглавно инвестира во хеџирани трансакции преку купување на опции, како и преку имплементирање на принципите својствени на структурираните продукти. Вкупниот ризик од ваквиот начин на инвестирање е многу мал, како резултат на вградениот меџанизам за ограничување на ризикот (при купувањето на опции, максималната загуба е ограничена на цената што е платена за опцијата - премиум на опцијата).

Нашите стратегии се темелат на обмислени анализи и се развиени од нашиот искусен тим, кој што се состои од различни но одлично усогласени карактери. Ние знаеме како да им пристапиме од различна перспектива на најтешките предизвици и на тој начин да дојдеме до најдоброто решение.

Контакт

Адреса:

Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.54/1-4 1000 Скопје Р.Македонија

Телефон: +389 2 609 2887

email: info@alsarfin.com

Вашата порака е успешно испратена. Ви благодариме!